Планетарно популарниот кошаркар, Коби Брајант, кој заедно со неговата ќерка загина во хеликоптерска несреќа, зад себе остава голема бизнис империја, пишува CNN.
Брајант, освен што беше брилијантен со баскетот и под кошот, тој имаше голема смисла за бизнис. Уште пред да ја напушти НБА, тој почна да вложува дел од заработените пари. Па така, во 2013-та година, тој беше коосновач на инвестиционата компанија Bryant Stibel, заедно со основачот на Web.com, Џеф Стибел. Тој успеа сите вештини што му помогнаа во кошарката да ги искористи за градење на добар бизнис.
Денес, компанијата на Брајант вреди повеќе од две милијарди долари, а реализирани се десетици инвестиции во компании што се занимаваат со технологија, медиуми и ИТ.
Освен преку оваа негова компанија, Коби заработи милиони долари преку инвестиција во спортскиот напиток Body Armor, којшто во 2018-та година продаде акции на Coca – Cola.
Во 2016-та година, Коби го основаше Granity Studios, медиумска компанија што фокусот го става на креативни приказни поврзани со спортот. Преку оваа компанија, кошаркарската ѕвезда го направи краткиот анимиран филм под името Драга Кошарко (Dear Basketball), којшто во 2018-та година доби награда за најдобар анимиран филм на Academy award. Преку истата компанија, Коби објави и серија книги за млади луѓе, меѓу кои се најде и неговата автобиографија – The Mamba Mentality: How I Play.
Коби беше познат и по неговиот прекар Црна Мамба, што почна да го гради уште на почетокот на неговата кариера, како поддржувач на спортскиот бренд Nike. Со овој бренд, Коби првиот договор го потпиша во 2003 година.
Nike, исто така, соработуваше со Коби за лансирање на младинска кошаркарска лига позната како Mamba League во 2017-та година. Целта беше да им се овозможи пристап до спорт на што е можно поголем број на деца.
Освен со Nike, Коби имаше и соработка и потпишано договори и со: McDonald’s, Sprite, Nintendo и Turkish Airlines.
Фото: Facebook