Кога ќе биде готов првиот автомобил од турско производство?

70

Започна изградбата на фабриката за производство на првиот автомобил од турско производство. Според турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, фабриката ќе биде завршена во рок од 18 месеци, а првиот автомобил ќе биде произведен во последниот квартал од 2022 година, јавува Анадолија.

“Она што денес започнуваме да го градиме не е само фабрика. Ова е огромен производствен комплекс со различни постројки кои од темел ќе ја променат перцепцијата за фабриките кај луѓето“, порача Ердоган.

Турција кон крајот на декември минатата година го претстави прототипот на првиот електричен автомобил од домашно производство.

На проектот за развој на првиот турски автомобил работи Иницијативната група за производство на турскиот автомобил (ТОGG), којашто беше формирана во јуни 2018 година со здружување на ресурсите на турските компании Anadolu Grubu, BMC, Kok Grubu, Turkcell, Унијата на турски берзи и стопански комори и Zorlu Grubu.

Првиот модел на турскиот автомобил ќе биде од категоријата SUV возила на електричен погон. Планот е до 2030 година да се започне со производство на пет модели на турски автомобили и тоа по три различни верзии за секој модел. Планирано е годишно производство на 175.000 примероци.

Во првата фаза планирано е фабриката да вработи околу 5.000 работници, додека во периодот со целосен производствен капацитет се очекува да се обезбедат околу 20.000 работни места.

Фото: Printscreen/YouTube