Кога отказот е единственото решение дури и кога немате план Б?

108

Иако никој не го сака или сите се плашат од него, особено во вака турбулентни времиња, сепак постојат ситуации во коишто давањето отказ е единственото решение на сите проблеми, па дури и да нема друга работа на повидок.

Здравјето е најважно – ако нешто требаше да научиме од пандемијата, тоа секако е грижата за сопственото и здравјето на блиските луѓе. Тоа е важно за да си обезбедите квалитетен живот во којшто ќе успеете да ги остварите соништата и приватно и професионално. Затоа, отказот ќе биде единствено решение доколку стресот или некој друг фактор, на пример работа со хемикалии, работа во смени…, почне сериозно да го нарушува вашето здравје. Не постојат ниту едни пари на светот што би можеле да го надоместат внатрешниот мир и благосостојбата на телото, па затоа нека не ви биде утеха платата или бонусите. Размислете добро дали ги почитувате сите мерки, дали сте доволно заштитени, дали работодавачот ги исполнува своите законски обврски. Доколку и покрај тоа, имате проблемите со здравјето, најдобро би било да престанете со работа и ја продолжите кариерата на некое друго побезбедно место.

Дали шефот од вас бара да завршите некоја работа, за која тој не сака да ги “валка“ рацете, а што би била спротивна на законот? Воопшто не размислувајте да дадете отказ, ако забележите дека во компанијата каде што работите се склучуваат “матни“ зделки, се прават неетички работи, не се почитуваат закони и права… Тоа ни најмалку не е здрава средина во којашто би можеле да останете за да се изборите за свое место.

Нередовна исплата на плата може да биде сигнал дека компанијата се соочува со проблеми. Би требало да имате одреден праг на толеранција, бидејќи и на сопствениците им оди тешко во вакви услови. Намалена наплата на побарувања, пад на продажбата или некоја друга причина може да ја “нагриза“ ликвидноста на компанијата. Но, тоа во прв момент не треба причина да се откажете. Побарајте отворено да ви биде кажано дека во следните неколку месеци можно е платата да доцни. Доколку работодавачот не ветува ништо, напротив се надева само на вашето разбирање и прави работи што може да ве убедат и дека не е баш проблемот во парите, најдобро би било да почнете да барате друга работа.

Фото: Freepik