Кои директори се најактивни на социјалните мрежи

0
0

Консултантската фирма за бизнис услуги Brunswick Group спроведе истражување за да одреди кои извршни директори се најприсутни на социјалните мрежи и најдобро комуницираат со клиентите. Листата Тop 100 connected CEOs, се базира на нивната активност на четирите главни социјални медиуми: Twitter, Facebook, Instagram и LinkedIn.

Во истражувањето биле вклучени 790 бизнис лидери, а според добиените резултати LinkedIn е најпопуларна социјална мрежа, на којашто се активни 44% од директорите.

Иако социјалните мрежи се “нивна работа“, Марк Цукерберг од Facebook и Џек Дорси од Twitter не се рангирани високо. Цукерберг е на 51-то место, додека Дорси е на 69-то.

Најактивен извршен директор е Даг Мекмилон од Walmart, а листата топ десет изгледа вака:

Ед Бастијан – Delta Airlines

Лин Гуд – Duke Energy

Мери Бара – General Motors

Бен Ван Бурден – Royal Dutch Shell

Ханс Вестберг – Verizon Communications

Ден Шулман – PayPal

Адина Фридман – Nasdaq

Рамон Лагуарта – PepsiCo

Брент Сандерс – Allergan

Даг Мекмилон – Walmart

Фото: Facebook