Кои држави “играат“ со крипто валутите на трговскиот пазар?

456

Додека Македонија сè уште спие во однос на крипто валутите и нивното значење, дел од развиениот свет влезе во трговија со блокчејн технологијата. Блокчејн е технологија која со помош на криптографски методи овозможува децентрализирана организација на сервисите. Тоа подразбира дека ниту еден поединец, фирма или организација не ги спроведува сервисите, туку тие стануваат јавни. Што тоа значи?

Ако земеме централизирана организација на сервис како трансфер на ризик т.е. осигурување, имаме странка што дава ризик и пари и странка која што ги прима т.е. осигурителната компанија. Доколку сакаме да си купиме осигурување, штом се одлучиме за која полиса и кои покритија, треба да го платиме. Како ќе бидеме сигурни кога ќе ги дадеме парите на брокерот дека истиот ги уплатил на осигурителната компанија? Како брокерот ќе биде сигурен дека ќе му ги исплатиме сите рати штом сме потпишале договор за купување на рати? Како сме сигурни дека компанијата ќе ни исплати пари доколку ни се оствари ризикот и пријавиме штета?

Решението за дел од овие проблеми се банките т.е. централните посредници кои водат сметка за регуларноста на нашите трансакции. Овој централен посредник не чини провизија со што се намалува профитот на сите наши зделки.

Замислете доколку би успеале да го направиме безбеден договорот без посредник за колку би се зголемил профитот во нашите компании. Само Мастеркард има промет од провизии над 12,5 милијарди долари во 2017 година. Што останува за прометот од останатите 15.000 банки и институции за наплата во светот? Доколку овие пари одат назад во компаниите кои што ги произведуваат основните производи/услуги би добиле далеку повеќе пари за нивен поголем и побрз развој.

Блокчејн технологијата го овозможува токму ова – правење на одредени работи кои веќе ги правиме со посредници (како вршење трансакции со помош на банка или Paypal), но без посредник кој би ги контролирал, надгледувал и вршел истите.

Најпопуларната криптовалута биткоин, но и останатите криптовалути во текот на 2018-та и 2019-та година поминуваат низ значајна и континуирана ценовна корекција. Криптовалутите во најголемиот дел од светот се сѐ уште нерегулиран облик на вложување кој го следат бројни правни несигурности. Во декември 2017-та биткоинот накратко ја премина цената од 19 илјади долари, а денес се тргува за под 3.500 долари. Пазарната капитализација на сите поважни криптовалути од јануари до декември 2018-та падна од околу 800 милијарди на околу 110 милијарди. Како пазарот со криптовалути силно растеше во 2017-та, така во 2018-та минува низ значајна корекција. Освен нагласениот пазарен ризик, вложувачите во криптовалути треба да се свесни и за останатите ризици поврзани со овој тип инвестирање. Во продолжение ќе ги наведеме само некои од ризиците кои често се поврзуваат со криптовалутите.

Примери со воведени криптовалути во светот

Светска Банка

Светска банка го поддржа издавањето на првите blockchain обврзници наменети за широката инвестициска јавност, а нив ги издава Commonwealth Bank of Australia (CBA).

Според Ројтерс, двегодишна обврзница е издадена на износ од 100 милиони австралиски долари (73,2 американски долари), а носи дивиденда (coupon) од 2,251 проценти. Наречена е Bondi обврзница што е акроним од Blockchain Operated New Debt Instrument, а воедно е референца за најпознатата австралиска плажа. Главниот мотив за нејзиното издавање не е прибирање капитал, туку тестирање дали новите технологии можат да ја променат неколкудецениската пракса во издавањето обврзници.

Наместо долготрајното “рачно издвојување“, новите технологии можат да го направат тоа многу побрзо и поевтино.

“Со ова се напушта традиционалното издавање на обврзници што се состои од упис на инвеститорите и алокацискиот процес, како и намирување и порамнување во депозитот. Наместо тоа, сѐ може да се направи преку интернет и за многу кратко време“, за Ројтерс изјави Џејмс Вол, извршен генерален директор на CBA.

Издавањето го поддржа Светска банка која може да се пофали со ААА кредитен рејтинг. Таквиот рејтинг ѝ помага во нејзината поддршка на развојот на нови пазари за обврзници, како и воведување на нови начини на тргување со хартии од вредност. Во тој контекст, Светска банка годишно поддржува помеѓу 50 и 60 милијарди долари во обврзници со цел да се зајакне економскиот напредок на земјите во развој. Австралија е популарен „тест полигон“ за развој на финансискиот пазар поради својата добро развиена инфраструктура и распротранетоста на австралискиот долар. Ова е една од најтргуваните светски валути во глобалните финансиски текови.

САД

Со промоцијата на OhioCrypto.us, сојузната американска држава Охајо, станува првиoт корисник што прифаќа данок со крипто валути. Меѓутоа, иако идејата не е целосна во однос на плаќањето на сите категории граѓани до фирми. Но, сепак ќе биде запишана како првата држава иницијатор кој вовел вакви промени во финансискиот тек на работа.

Државниот секретар на Охајо, Џош Мандел ја поздрави оваа одлука и кажа дека очекува и другите сојузни држави да го следат овој пример.

“Овој потег е револуционерен за Охајо и многу сме горди. Ова е потег што ни овозможува да обезбедиме  повеќе можности за плаќање на даноци на граѓаните. Но, исто така гледано во иднината, проектираме лидерство за воведување на блокчејн технологијата“, изјави Мандел.

Начинот на кој функционира е следниот: Ако имате фирма во Охајо со даночна сметка, се регистрирате со профил на OhioCrypto.us и така ги плаќате даноците. На располаѓање се вкупно 23 даноци поврзани со бизнисот. Во пресметките  на помош е вклучено BitPay кој ги обработува плаќањата. Овој калкулатор го претвора биткоинот во долари пред да биде платено на трансакциска сметка. Во целиот случај, системот прифаќа само биткоин, меѓутоа Охајо за кратко време планита да воведе и други криптовалути.

Австралија

Федералната агенција за наука на Австралија работи со четирите најголеми комерцијални банки на тестирање на примената на blockchain во осигурувањето. Се работи за олеснување на плаќањата на лицата со инвалидитет преку blockchain апликација. Проектот е инициран од Commonwealth Bank of Australia (CommBank). CommBank и Научната и индустриска организација за истражувања (CISRO) во заедничка објава најавија тестирање на proof-of-concept во заеднички blockchain проект.

Овој проект е насловен како “Паметна заработка на пари“. Целта на ова е да се користат blockchain токени во склучување на договори со Националното осигурување од инвалидитет (NDIS). Давателите на овој вид на услуга како и корисниците ќе можат да ги обавуваат плаќањата според однапред утврдени услови. Ова се однесува на тоа кој колку средства може да си дозволи и до кој краен рок.

Венецуела

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, откако ја воведе криптовалутата Петро како втора официјална валута на Венецуела, ги повика работниците да штедат во злато и новата државната криптовалута Петро (petro) за време на реорганизација на платите.

Во телевизиско излагање, Мадуро рече дека во наредниот период, работниците ќе почнат да добиваат бонус исплати благодарение на растот на Петро, во однос на постоечката валута, Суверен Боливар.

Кина

Најголемата кинеска осигурителна компанија се обидува преку примена на blockchain да ја намали асиметричноста на податоците во осигурителната индустрија. Народната осигурителна компанија на Кина (НОКК) е најголем осигурител од несреќи, и дваесетиот најголем во свет осигурител според Forbes. Според објава за печат од 1. септември годинава, НОКК ја воведе blockchain технологијата во своето работење преку партнество. НОКК за да го направи нивното работење поефикасно оствари партнерство со blockchain платформата VeChain, и глобалната компанија за осигурување на квалитет и менаџмент на ризик DNV GL.

Новото партнерство се обидува да ја подобри превенцијата од измами, како и корисничкото искуство при намирување на оштетни побарувања. Бидејќи сопствениците на полиси ретко се мотивирани да ги изјават сите ризик фактори, осигурителите се во искушение да поминат подолго време во верификација на оштетните побарувања. Трошоците настанати при ова се пренесуваат на нивните клиенти. Овие трошоци понатаму се зголемуваат повеќе во реосигурителната индустрија. Реосигурителната група на Америка проценува дека едно од триесет оштетни побарувања, претставува обид за измама.

Јапонија

Банкарскиот сектор на Јапонскиот Mitsubishi UFJ Financial Group (MUFG) планира да пушти во употреба своја пробна криптовалута во почетокот на 2020-та година, извести Јапонскиот CoinTelegraph на 15-ти мај годинава. Јапонскиот Cointelegraph ги цитираше локалните медиуми NHK велејќи дека тест фаза на криптовалутата, позната како MUFG Coin, може да вклучи околу 100.000 носители на сметки.

Петтата најголема банка во светот според средствата, MUFG започна да пушта токен во јануари годинава. Правејќи го тоа стана првата Јапонска банка која издала такво нешто. Плановите за овој потег се протегаат наназад се до 2016-та, објави CoinTelegraph .

MUFG Coin е дизајнирана да понуди криптовалутна функционалност, како прво и основно со тест корисниците да преземат апликација која автоматски ќе го конвертира нивниот депозит. Според извештаите на NHK, еден MUFG би имал еднаква вредност од еден јен.

Според NHK, корисниците “би можеле да ја користат валутата за да вршат плаќања на места како ресторани, супермаркети, пазари и други продавници“, како и да направат “трансфер на валутата на сметките на други учесници“.

Банката се приклучи кон постојаното зголемување на бројот на главни Јапонски ентитети, подготвувајќи ги патиштата кон индустријата за криптовалентност. Секторот за размена доминираше во насловите во 2018-та година, со имињата како DMM и Yahoo! во различни фази на вклучување.

Шведска

Владата на Шведска донесе одлука за поддршка на крипто валутите, а со тоа и официјално ја отвори вратата за работа со крупто валутите. Sweden coin е називот на крипто валутата, а фирмата која ќе ги опслужува граѓаните е Kryptonex Research Group. Официјалното тргување со оваа криптовалута  започна на 31 декември 2018 година. Вредноста на крипто валутата изнесува 0,30 центи и е далеку од цената на Биткоинот, којшто изнесува 3.800 долари и од Етериумот којшто е со вредност на тргување од 150 долари.