Кои држави вложуваат најмногу во истражување и развој?

32

Податоците на Светска банка од 2017 и 2018 година покажаа кои 10 земји вложуваат најмногу средства во истражување и развој.

Првите пет земји кои инвестираат најмногу за истражување и развој се Израел, Јужна Кореја, Швајцарија, Шведска и Јапонија.

“Колку повеќе закрепнуваме од пандемијата, толку повеќе истражувања и развој ќе играат улога во поддршка на растот на приватниот сектор и создавање нови работни места“, рече Кристин Лагард, претседател на Европската централна банка.

Во 2018 година, Израел потроши 4,95% од БДП за истражување и развој. Еден од најважните економски сектори е технологијата.

Јужна Кореја забележа просечен раст на БДП од 7,3% помеѓу 1960 и 2019 година. Слично на Израел, технолошката индустрија цвета во оваа земја.

Покрај импресивниот раст на БДП, извозот на земјата е исто така многу здрав, расте во просек за 16% годишно помеѓу 1961 и 2019 година. Според Светска банка, во 2018 година, Јужна Кореја потрошила 4,81% од БДП за истражување и развој.

Швајцарија иако не е членка на ЕУ има потпишано договори кои ѝ овозможуваат слободно тргување со земјите на ЕУ. Меѓу најголемите индустриски сектори се фармацевтски производи и часовници, кои држат 9% од извозот.

Зад Швајцарија се Шведска, Јапонија, Австрија, Германија, Данска, САД и Белгија.

Интересно е што поголемите земји заостануваат – како САД (2,84%) и Кина (2,19%). Тие се рангирани на деветто и 13-то на списокот на Светска банка, а овие бројки се базираат на податоци од 2018 година.

Германија е на седмо место со 3,09%, а Велика Британија е на 21-то место со 1,72% од БДП.

Фото: Pixabay