Кои економии годинава паѓаат, а кои растат

78

Оваа година донесе катастрофа во светската економија и скоро сите развиени земји на Запад ќе доживеат економски пад. Од друга страна, Кина, од каде потекнува коронавирусот, ќе избегне рецесија и ќе има раст од 1,9 % на бруто домашниот производ (БДП).

Ова е мал раст за Кина во споредба со претходните години, но сепак одличен ако се спореди со рецесијата која преовладува во западните земји.

Катастрофа во Либија

Процентуално најголем економски пад од земјите чии податоци ги собра ММФ, оваа година ќе има Либија – дури 66,7% од БДП. Либиската економија годинава беше погодена од низа фактори кои доведоа до таков драстичен пад. Имаше интензивирање на конфликтот во земјата, што ја задуши економската активност и затворање на одредени нафтени полиња, од кои произлегува значителен дел од приходите за оваа земја. Покрај тоа, имаше драстичен пад на цените на нафтата на светскиот пазар, што исто така влијаеше на падот на приходите. На крајот, оваа земја, како и повеќето други, беше погодена од пандемијата на коронавирусот.
По Либија следат Макао со пад на БДП за 52,3 %, Венецуела и Либан со пад од 25 % и Фиџи со пад од 21 %, покажуваат податоците на ММФ.

Гвајана расте за дури 26,2 %

Од друга страна, најголем економски раст годинава ќе има во една од најсиромашните земји во Јужна Америка – Гвајана, од дури 26,2 %. Овој раст се должи на откривањето на големи резерви на нафта во оваа држава. Благодарение на големото откритие, државата ќе доживее вистински бум. Гвајана е единствената земја што годинава според ММФ ќе има двоцифрен економски раст.

Кој е најдобар во Европа?

Оваа година ММФ предвидува економски пад на Германија од 6 %, САД пад од 4,3 %, Канада -7,1 %, Франција -9,8%, Италија -10,6%, итн.

Литванија (-1.8 %), Србија (-2.5%), Норвешка (-2,8%) и Белорусија и Ирска (по -3%) ќе имаат најмал пад во Европа.

Од земјите од поранешна СФРЈ, Црна Гора ќе забележи најголем пад – 12%. Следува Хрватска со пад од 9 %, Словенија – 6,7%, Босна и Херцеговина 6,5% и Северна Македонија 5,4%.

Погледнете ја интерактивната мапа за проценка за сите земји овде.

Фото: Printscreen MMF