Кои европски земји имаат најниска (не)вработеност?

136

Стапката на невработеност во евро зоната (19 земји членки на ЕУ), во текот на ноември, изнесуваше 7,5%. Во рамки на Европската унија, стапката на невработеност во ноември беше 6,3%.

Меѓу земјите членки, најниска стапка на невработеност во ноември беше забележана во Чешка од 2,2%, а по нејзе следуваат Германија со 3,1% и Полска 3,2%. Од друга страна, пак, највисока стапка на невработеност има во Грција од 16,8% во септември 2019-та година и Шпанија со 14,1%.

Споредбено со една година претходно, стапката на невработеност се намали кај 20 земји членки, остана на стабилно ниво во Холандија и Португалија, додека пораст има во: Луксембург (од 5,4% на 5,5%), Словенија (од 4,4% на 4,6%), Чешка (од 2% на 2,2%), Кипар (од 7,5% на 7,7%), Шведска (од 6,5% на 6,9%) и Литванија (од 5,8% на 6,4%).

Најголем пад е регистриран во овие земји: Грција (од18,8% на 16,8%), Бугарија (од 4,8% на 3,7%), Естонија (од 5,3% на 4,2%) и Хрватска (од 7,5% на 6,5%).

Во ноември минатата година, стапката на невработеност во САД беше 3,5%.

Во Македонија, невработеноста во третото тримесечје од 2019-та година, беше на ниво од 17,1%.

Фото: Pexels