Кои грешки се “убиствени“ за вашиот бизнис

179

И најуспешните претприемачи прават грешки. Успехот се гради учејќи од неуспехот и согледувањето на грешките. Ако сакате вашиот бизнис да успее, тогаш мора да ја развиете свеста за грешки. Постојат грешки што може да ви го уништат бизнисот ако не ги поправите, пишува Inc.

Лоша услуга

Може да го имате најдобриот производ на светот, но ако имате лоша услуга кон клиентите, ќе бидете надвор од бизнисот. Потребно е постојано следење и проверка на нивото на услуга што ја нудите на вашите клиенти.

Лош избор на работници

Многу бизнисмени процесот на вработување го гледаат како лесна задача. Сепак, потребен е голем напор и енергија при интервјуирањето на потенцијалните кандидати кои ќе го сочинуваат јадрото на компанијата.

Не ги наградувате вработените

Ако сакате компанија што ќе напредува, мора да ги наградувате вработените.

Не ги обучувате лидерите

Поставување технички некомпетентно лице на лидерска позиција, не значи дека тоа ќе знае како да биде лидер. Овозможете му обука за лидерски вештини. Вештите лидери влијаат позитивно врз вработените.

Не комуницирате со вработените

Потребно е постојано да комуницирате со вработените – колку почесто, толку подобро. Правете разлика меѓу состаноците на тимот и политиката на отворена врата.

Не ги знаете бројките

Колкава е вашата продажба, профит, долг? Мора да ги знаете овие бројки, инаку би можеле да доживеете непријатно изненадување.

Фото: Pixabay