Кои се 500-те најголеми компании во централна и источна Европа?

78

На почетокот на овој месец е објавена ранг листата 0Coface top 500 CEE, на којашто се најдоа најважните и најголемите компании во централна и источна Европа.

На листата се најдоа компании од 12 земји: Полска, Унгарија, Романија, Чешка, Словачка, Литванија, Бугарија, Словенија, Хрватска, Естонија, Србија и Латвија. Полска може да се пофали како најуспешна земја, бидејќи 175 од 500 најуспешни доаѓаат од токму од таму. Од сите компании опфатени со анализата, околу 60% припаѓаат на овие индустрии:  нафтена, хемиска, автомобилска и трговија.

Најдинамична економска активност во овој регион е забележана во: Полска, Унгарија и Летонија, чиј БДП растеше за околу 5%. Со помал интензитет се одвиваше економската активност на Романија, Естонија и Бугарија.

Ниту една компанија од Македонија не се најде на листата на Coface 500 CEE.

Во првите пет се најдоа: полскиот нафтен концерн Orlen, чешка Skoda Auto, Mol Magyar од Унгарија, Jeronimo Martins од Полска и Volkswagen Словачка.

Фото: Pixabay