Кои се нај(не)среќни луѓе во Европа?

40

Најсреќни земји во Европската унија, според податоците на Eurostat, се Холандија, Австрија и Финска. Во овие три земји во последниот месец три четвртини од населението се изјаснило дека било среќно. По нив следуваат Луксембург, Шпанија и Данска.

Во сите овие земји процентот на среќно население е околу 76%. Европскиот просек е 62%, а најблизу до тој просек се Малта, Словенија и Унгарија.

На дното, пак, на оваа листа, како помалку среќни земји се најдоа: Латвија, Бугарија, Хрватска, Литванија и Романија.

Фото: Pixabay