Кои се најбогатите луѓе во светот и колку “тежи“ нивното богатство?

46

forbes 1

Магазинот Forbes секоја година прави листа на најбогатите луѓе во светот. Оваа година прв на оваа листа се најде основачот на ИТ гигантот Microsoft, Бил Гејтс, чие богатство е проценето на 79,2 милијарди долари.

На вицешампионското место се најде мексиканскиот милијардер, Карлос Слим, кој располага со богатство од 77,1 милијарди долари. Најголем дел од приходите на Слим доаѓаат од телекомуникациската компанија America Movil.

Осумдесет и четиригодишниот Ворен Бафет, еден од најпознатите американски инвеститори, е третиот најбогат човек според листата на Forbes. Тој располага со богатство од 72,7 милијарди долари.

Меѓу првите десет најбогати луѓе во светот се најдоа и две жени и тоа сопственичката на Wal Mart, Кристи Валтон со богатство од 41,2 милијарди долари и првата дама на козметичкиот гигант L’Oreal, Лилиан Бетенкорт, која на своето конто има 40,1 милијарда долари.

Меѓу најмладите милијардери, прв е Иван Шпигел, сопственик на Snapchat, кој со само 24 години има богатство од 1,5 милијарди долари.  Тој е позициониран на 1.250-тото место на листата на Forbes.

Најстариот милијардер на листата на Forbes е 99-годишниот Дејвид Рокфелер. Тој на таа возраст има три милијарди долари и се најде на 603-та позиција на листата.