Кои се најдарежливи милијардери според Forbes

34

Магазинот Forbes ја објави листата на 400 најбогати Американци, чие богатство надминува две милијарди долари. Но, овој пат магазинот анализира колку од нив биле филантропи, односно одвоиле голем дел од своето богатство за поддршка и помош.

Лидер е Ворен Бафет, кој досега одвоил 38,8 милијарди долари, што претставува 32% од неговото богатство.

По филантропијата, освен Бафет, познат е основачот на Microsoft, Бил Гејтс, којшто досега донирал 38,5 милијарди од своето богатство.

Меѓу филантропите кои не го штеделе своето богатство се и Пол Ален и Дејвид Коч. Пол Ален, инаку соосновач на Microsoft почина минатата година, а неговото богатство се проценува на 20,3 милијарди долари. Познат беше како инвеститор, хуманитарец и филантроп. Според Forbes, и Дејвид Коч, кој почина во јуни оваа година, беше меѓу најголемите филантропи. Богатството на еден од главните во Koch Industries беше проценето на 48 милијарди долари.

Меѓу најдарежливите богаташи од листата на Forbes се најдоа и Дејвид Гефен, основач на DreamWorks Pictures, и Брајан Актон, соосновач на WhatsApp. Гефен досега одвоил околу една милијарда долари за својата организација. Актон и неговата сопруга Теган досега одвоиле една милијарда долари за хуманитарни цели.

Фото: Pixabay