Кои се најголеми извозници од земјите членки на ЕУ?

143

Во текот на 2019 година, од 28 земји членки на Европската унија беа извезени производи и услуги во вредност од 6,2 илјади милијарди долари, што претставува пад од 2,7% во однос на 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Лидер по извоз од земјите членки на ЕУ е Германија со удел од 23,6% или 1.486.462.772.000 долари или 4,5% помалку во споредба со 2018 година.

Во првите пет извозници од ЕУ лани беа и: Холандија (721.301.085.000 долари), Франција (555.100.606.000 долари), Италија (541.695.309.000 долари) и Велика Британија (467.512.252.000 долари).

Од земјите во регионот што се членки на ЕУ, по извоз највисоко котира Словенија (19-та од 28 земји) со 45.624.764.000 долари. Следни се: Грција (37.885.527.000 долари), Бугарија (33.872.429.000 долари) и Хрватска (17.678.879.000 долари).

На последните три места, по извоз, се најдоа: Кипар (3.528.213.000 долари), Малта (4.142.922.000 долари) и Латвија (15.497.952.000 долари).