Кои се најголемите извозници и увозници на рачни часовници

62

Металните, рачни часовници се производи кои и покрај потребата се и симбол за престиж и луксуз кај многумина.

Нивната цена може да достигне вртоглави суми, а зад создавањето на најквалитетните парчиња стои рачна долготрајна изработка од врвни мајстори.

Најпознати во светот се швајцарските часовници, а еве кои пет земји најмногу извезуваат метални рачни часовници:

  1. Швајцарија – вредност од извоз 13,2 милијарди долари
  2. Кина – вредност 4,79 милијарди долари
  3. Хонг Конг -вредност 1,18 милијарди долари
  4. Јапонија – вредност 1,09 милијарди долари
  5. Германија – вредност 879 милиони долари

Следниве пет земји пак најмногу увезуваат ваков тип на часовници:

  1. Хонг Конг – платена сума за увоз 4,13 милијарди долари
  2. САД – 2,96 милијарди долари
  3. Јапонија – 1,69 милијарди долари
  4. Германија – 1,63 милијарди долари
  5. Кина – 1,49 милијарди долари

Фото:Pexels