Кои се најопасни производи на европскиот пазар?

50
Yellow triangle warning sign icon isolated

Постојано се зголемува бројот на предупредувања за опасни производи на пазарот во Европската унија, а најчесто се однесуваат на играчки, покажува извештајот за работа на системот на Европската комисија за спречување на продажба на опасни производи на пазарот.

Во 2019 година, надлежни тела од 31 земја (сите земји членки на ЕУ, Велика Британија, Норвешка, Исланд и Лихтенштајн) преку таканаречениот систем за брзо предупредување размениле 2.243 предупредувања за опасни производи, а за тоа биле преземени 4.477 акции.

Бројот на преземени акции е за 10% поголем во споредба со 2018 година и за 63% повисок одошто во 2015 година, соопшти Европската комисија.

Преземањето акција подразбира повлекување или уништување на производите од страна на дистрибутерот или трговецот на мало пред да стигнат до потрошувачи и враќање на небезбедни производи од страна на корисниците.

Најголем дел од предупредувања, 29% се однесуваат на играчки, 23% на моторни возила и 8% на електрични уреди и опрема. Бројни предупредувања се однесуваат и на козметички препарати, облека, текстил, како и на производи за деца.

Најголем дел од предупредувања се однесуваат на можни повредувања (27%), потоа на хемиски додатоци во производите (23%), а со 13% учествуваат предупредувањата за можен ризик од гушење кај децата.

До први јули оваа година се регистрирани 63 предупредувања за заштитни маски и по три за заштитни комбинезони, средства за дезинфекција на раце и УВ ламби, пренесува Екапија.