Кои се топ извозници во светот, а каде сме ние?

62

Фото: Pixabay

Вкупниот износ на извозот во светот во 2018 година е проценет на над 19,2 илјади милијарди долари. Меѓу земјите кои се најголеми извозници во светски рамки, приматот го има Кина, којашто во 2018 година забележа вредност на извозот од 2,4 илјади милијарди долари или 10,2% повеќе во однос на 2017 година.

Во славната петорка влегуваат и: САД (1,6 илјади милијарди долари), Германија (1,5 илјади милијарди долари), Јапонија (738,2 илјади милијарди долари) и Холандија (723,3 илјади милијарди долари).

Нашата земја е 101-ва на листата со извоз од 6,9 милијарди долари во 2018 година и 21,8% повеќе во споредба со претходната година. Од земјите во регионот, најдобро позиционирана е Словенија на 54-то место со 44,2 милијарди долари извоз. Грција е 60-та светска сила во извозот со вредност од 39,5 милијарди долари, Бугарија е четири места подолу со 33,2 милијарди долари извоз, а Србија е на 72-ра позиција со 19,2 милијарди долари. Хрватска е 75-та земја според извозот чија вредност достигна 17,4 милијарди долари. Подобра од нас е и Босна и Херцеговина, што се позиционираше на 100-то место со извоз од 7,2 милијарди долари, додека по нас е Албанија што заврши на 126-то место со 2,7 милијарди долари.

Од вкупно 230 земји, овие три имаат најмал износ на извозот: Британска антарктичка територија со 6.000 долари, Бувет со 20.000 долари и островите Валис со 432.000 долари.