Кои се трите земји од каде нѝ доаѓаат најмногу туристи

Во октомври 2025 година 109. 535 туристи оствариле 204 718 ноќевања, oбјави Државниот завод за статистика.

Во октомври 2025 година, од вкупниот број туристи, 21.8 % се домашни, а 78.2 % се странски туристи.

Бројот на ноќевањата во октомври 2025 година изнесува 204 718, од кои 29.1 % се од домашните туристи, а 70.9 % од странските туристи.

Во периодот јануари – октомври 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5.4 %, односно кај домашните туристи има намалување за 2.3 %, а кај странските има зголемување за 9.3 %.

Во периодот јануари – октомври 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 0.6 % така што кај домашните туристи има намалување за 4.2 %, а кај странските има зголемување за 6.4 %.

Земји од кои дошле најмногу странски туристи во октомври 2025 година:

  • 18 678 од Турција
  • 12 558 од Германија
  • 6 154 од Србија
  • 3 781 од Грција