
Во октомври 2025 година 109. 535 туристи оствариле 204 718 ноќевања, oбјави Државниот завод за статистика.
Во октомври 2025 година, од вкупниот број туристи, 21.8 % се домашни, а 78.2 % се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во октомври 2025 година изнесува 204 718, од кои 29.1 % се од домашните туристи, а 70.9 % од странските туристи.
Во периодот јануари – октомври 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5.4 %, односно кај домашните туристи има намалување за 2.3 %, а кај странските има зголемување за 9.3 %.
Во периодот јануари – октомври 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 0.6 % така што кај домашните туристи има намалување за 4.2 %, а кај странските има зголемување за 6.4 %.
Земји од кои дошле најмногу странски туристи во октомври 2025 година:
- 18 678 од Турција
- 12 558 од Германија
- 6 154 од Србија
- 3 781 од Грција











