Кои сектори во земјава се најиновативни?

46

Во периодот меѓу 2016-та и 2018-та година, најмногу иновации се бележат во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација – 89,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Потоа следуваат: Маркетинг (реклами и пропаганда) и истражување на пазарот (78,1%), Информации и комуникации (77,5%), а најмал процент на иновации се бележат во секторот Научно истражување и развој (23,5%).

Според податоците, учеството на иновативните деловни субјекти во вкупниот број на деловни субјекти, во периодот 2016 – 2018 година, изнесува 55%. Од вкупниот број иновативни деловни субјекти, 16,8% имаат воведено иновација на производ, 26% имаат воведено иновација на процес, а 55,6% имаат воведено иновација на производ и процес.

Прекинати или откажани иновации имаат 1,6% од вкупниот број иновативни деловни субјекти.

Фото: Pixabay