Кои светски музички ѕвезди заработија најмногу оваа година?

58

Магазинот Forbes објави листа на 40 музичари кои оваа година инкасираа најголема сума. Тејлор Свифт е прва на листата со заработка од 185 милиони долари оваа година.

Зад нејзе е Кание Вест со заработени 150 милиони евра, а “бронзата“ оди во рацете на Ед Ширан, кој на неговата сметка има 110 милиони евра.

Меѓу 10-те најплатени музички ѕвезди се и: групата The Eagles (100 милиони долари), Елтон Џон (84 милиони долари), Џеј Зи и Бијонсе (81 милион долари), раперот Дрејк (75 милиони долари), Диди (70 милиони долари) и групата Metallica (68,5 милиони долари).

На дното на листата се најдоа: Migos (36 милиони долари), U2 (37 милиони долари), Селин Дион (37,5 милиони долари), Шон Мендес (38 милиони долари) и Zac Brown Band (38,5 милиони долари).

Фото: Facebook