Кои земји се “мека“ за таленти, а каде сме ние?

114

За развој и просперитет на секоја земја важни се младите талентирани луѓе, но и вложување во нивното образование и задржување.

На годишниот состанок на Светскиот економски форум во Давос беше претставен Global Talent Competitiveness Index за 2020 година.

Според ова рангирање, Швајцарија е лидер во светот по конкурентност за таленти. Меѓу петте земји што се најдоа на врвот на листата се и: САД, Сингапур, Шведска и Данска.

Од земјите во регионот, најдобра позиција има Словенија (31). Потоа следуваат: Грција (47), Црна Гора (53), Бугарија (55), Србија (58), Хрватска (59) и Албанија (76).

Македонија, според овој индекс е 89-та од вкупно 132 земји, а зад нас од земјите во регионот е само Босна и Херцеговина (101).

Како најмалку конкурентни земји за таленти во светот се: Јемен, Ангола, Конго, Бурунди и Мозамбик.

Фото: Pixabay