Кои земји се најподготвени да се справат со епидемија, а каде сме ние?

67

Очите на светската јавност се насочени кон ситуација во Кина, од каде што започна да се шири корона вирусот. За кратко време, од Кина овој вирус се прошири на други делови од светот, вклучувајќи ја Европа. Досега билансот на починати се искачи на над 100 лица.

Колку земјите се подготвени со системски мерки да одговорат во услови на ширење на епидемии покажува глобалниот индекс за здравствена заштита (Global health security index) во којшто се опфатени вкупно 195 земји. При рангирањето се земаат предвид: превенција, откривање, одговор, здравје, норми и ризици.

Соединетите Американски Држави се лидери во светот по подготвеност да се справат со епидемија. По нив следуваат Велика Британија и Холандија.

Земјата од којашто започна да се шири корона вирусот е Кина, којашто според овој индекс се најде на 51-во место.

Од земјите во регионот, позиционираноста оди вака: Словенија (12), Хрватска (38), Албанија (39), Србија (41), Бугарија (61), Црна Гора (68) и Босна и Херцеговина (79).

Македонија, за жал, се најде 90-то место од вкупно 195 земји во светот, но ако е за утеха е во земјите што поподготвени да се справат со ризиците што ги носат епидемиите во светот.

На дното во црвената зона се најдоа најмалку подготвените земји да се справат со епидемија: Екваторијална Гвајана, Сомалија и Северна Кореја.

Фото: Pexels