Кој е милијардерот што новата година ја пречека како најбогат во светот?

106

Основачот на Amazon, Џеф Безос и понатаму е најбогатиот човек во светот, иако за една година неговото богатство се “стопи“ за 10 милијарди долари.

Богатството на Безос, според Bloomberg Billionaires Index, достигна 115 милијарди долари. Веднаш зад него е основачот на Microsoft, Бил Гејтс, со богатство од 113 милијарди долари.

Иако се очекуваше Безос да ја напушти лидерската позиција на листата, по разводот од сопругата Мекензи, тоа не се случило. Во меѓувреме, таа се најде на 25-то место со богатство од 37 милијарди долари.

Меѓу оние кои новата 2020 година ја започнуваат со огромни суми на нивните сметки, според индексот на Bloomberg, се и:

Бернард Арно – 105 милијарди долари

Ворен Бафет – 89,3 милијарди долари

Марк Цукерберг – 78 ,4 милијарди долари

Амансио Ортега – 75,5 милијарди долари

Лари Пејџ – 64,6 милијарди долари

Сергеј Брин – 62,7 милијарди долари

Чарлс Коч – 62 милијарди долари

Џулија Флешер Коч – 62 милијарди долари

На листата има вкупно 500 имиња на богаташи, а на нејзиното дно се најдоа:

Масахиро Мики – 4,3 милијарди долари

Мајк Аденуга – 4,3 милијарди долари

Ванг Венин – 4,3 милијарди долари

Питер Харгрејвс – 4,3 милијарди долари

Џон Браун – 4,3 милијарди долари

Фото: Pixabay