Кој е најголем извозник на облека за бебиња во светот?

76

Извозот на бебешка облека во текот на 2018-та година надмина вредност од 10 милијарди долари, покажуваат податоците на World’s top exports.

Најголем извозник во светски рамки е Кина со извоз во висина од скоро три милијарди долари.

Меѓу 10-те најголеми извозници на облека за бебиња се и: Бангладеш (1,3 милијарди долари), Индија (1,1 милијарди долари), Камбоџа (516 милиони долари), Виетнам (379 милиони долари), Шпанија (376 милиони долари), Франција (294 милиони долари), Германија (270 милиони долари), Индонезија (261 милион долари) и Шри Ланка (206 милиони долари).

Фото: Pexels