Кој е најголем извозник на услуги во светот?

36

Извозот на услуги минатата година надмина вредност од шест трилиони долари (илјади милијарди), што е 1,5% повеќе во однос на 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

САД се извозник број еден на услуги во светски рамки со заработка од 875,8 милијарди долари или 1,6% повеќе во однос на 2018 година.

Меѓу петте најголеми извозници на услуги во светот лани беа и: Велика Британија (416,3 милијарди долари), Германија (340,7 милијарди долари), Франција (287,6 милијарди долари) и Кина (283,2 милијарди долари).

Најизвезувани услуги се оние што се поврзани со патувања, па лани достигнаа ниво од 1,4 трилиони долари или 0,9% помалку во споредба со 2018 година. Потоа, следуваат најразлични бизнис услуги со 1,3 трилиони долари, а трети се транспортните услуги со еден трилион долари.

Фото: Freepik