Кој е најголем производител на велосипеди во ЕУ?

72

Во текот на минатата година, во рамки на земјите членки на Европската унија, се произведени над 11,4 милиони велосипеди, што е 5% повеќе во споредба со 2018 година и 10% во споредба со произведените велосипеди во 2014 година, покажуваат податоците на Eurostat.

Меѓу земјите членки, најголем производител е Португалија, со 2,7 милиони велосипеди, по што следуваат: Италија (2,1 милион), Германија (1,5 милиони), Полска (900.000) и Холандија (700.000). Овие пет земји заедно сочинуваат околу 70% од вкупното производство на велосипеди во ЕУ во 2019 година.

Кога станува збор за извозот на велосипед, тој минатата година достигна околу еден милион и вредност од 368 милиони евра. Овој извоз, според податоците на Eurostat, е реализиран во земји надвор од ЕУ, а е 24% поголем во споредба со извозот во 2012 година.

Во текот на минатата година, во рамки на ЕУ, увезени се над пет милиони велосипеди во вредност од 942 милиони евра.

Кога станува збор за електричните велосипеди, лани од ЕУ се извезени 191.900, чија вредност е проценета на 272 милиони евра. Во исто време, увезени се 703.900 електрични велосипеди вредни 594 милиони евра.

Фото: Freepik