Кој е водечки глобален финансиски центар?

66

Њујорк ја задржа титулата на водечки светски финансиски центар, зголемувајќи ја предноста во однос на второпласираниот Лондон заради неизвесноста околу Brexit.

Неизвесноста што го носи излегувањето на Велика Британија од ЕУ, според истражувањето на Duff & Phelps, ја зајакна позицијата на Њујорк во однос на Лондон. Истражувањето предвид го земаше мислењето на 245 високи финансиски претставници од различни подрачја, како што се банкарство, управување со капитал и други финансиски компании од целиот свет, пренесува Reuters.

Вкупно 56% од испитаниците сметаат дека Њујорк е најважен светски финансиски центар, што е за 33 процентни поени повеќе во однос на претходните две години. Само 33% од испитаниците сметаат дека главен финансиски центар во светот е Лондон, што еза 20 процентни поени помалку во споредба со претходните две години.

Испитаниците кои го фаворизираат Лондон пред Њујорк го наведуваат најприфатливиот регулаторен режим за финансиски услуги во светот што ги нуди британската престолнина.

Се претпоставува дека во следните пет години и Њујорк и Лондон би можеле да ги загубат водечките позиции поради големиот просперитет и развој на азиските градови, како што Хонг Конг, Сингапур и Шангај.

Околу 22% од испитаниците сметаат дека Лондон и за пет години ќе биде водечки финансиски центар. Многу е мал процентот на испитаници кои уверуваат дека Њујорк и Лондон ќе ги заменат Париз, Франкфурт или некој друг европски град.

Фото: Pexels