
Преработувачката индустрија има најголемо учество од 25.9 % во бруто-додадената вредност во 2024 година покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во 2024 година, 68 889 пазарноориентирани деловни субјекти реализирале промет од 2 152 867 милиони денари и генерирале бруто-додадена вредност од 486 170 милиони денари.
Најголем промет од 40.2 % реализирале деловните субјекти од секторот Трговија на големо и на мало и Преработувачката индустрија од 24.3 %.
Најголемо учество во вкупната бруто додадена вредност има Преработувачката индустрија со 25.9%, а потоа следат Трговијата на големо и на мало со 21.3 %, Градежништвото со 9.6 % и Информациите и комуникациите со 9.2 %.











