Кој го купи Сава центар за 17,5 милиони евра

123

Белградски Сава центар продаден е денеска на компанијата Делта Холдинг, чијшто сопственик е Мирослав Мишковиќ за 17,5 милиони евра.

Делта беше единствена компанија којашто достави понуда за Сава центар, а претставници на компанијата потпишаа изјава во Градската управа.

Предвидено е купувачот во адаптација и реконструирање на конгресниот комплекс кој се наоѓа на три хектари градежно земјиште, да вложи најмалку 50 милиони евра во рок од пет години. Купувачот  исто така има обврска да не ја менува намената на Сава центар.

Најголемиот конгресен, културен и деловен центар во Србија којшто е еден од најголемите во регионот е изграден во 1977 година. Со децении беше место за одржување на најголемите меѓународни конгресни собири, а во него гостуваа најголемите имиња на светската уметничка сцена.

Фото: Facebook