Кој го надмина Бил Гејтс по богатство

132

Американскиот претприемач Илон Маск го надмина основачот на Microsoft, Бил Гејтс и стана вториот најбогат човек во светот со богатство од 127, 9 милијарди долари, според индексот на Bloomberg Billionaires.

Благодарение на растот на акциите на електричниот автомобил Tesla за 6,5%, богатството на Маск порасна вчера за 7,2 милијарди долари за еден ден на вкупно 127,9 милијарди долари.

Од почетокот на годината богатството на 49 годишниот претприемач и иноватор порасна за 100 милијарди долари.

Со богатство проценото на 182 милијарди долари, сопственикот на Amazon, Џеф Безос е најбогат човек во светот.

Фото: Freepik