Кој хороскопски знак има најголеми шанси да стане шеф?

473

Поделени се мислењата околу тоа колку хороскопските знаци влијаат врз нашата иднина. Порталот TheMoneyPig направи истражување во коешто се опфатени директорите на најголемите светски компании и кои се нивните хороскопски знаци.

Резултатите покажуваат дека најголем дел од главните директори на големи и успешни компании во светот му припаѓаат на хороскопскиот знак Бик. Дури 13 светски компании како свој главен шеф имаат лице родено меѓу 20-ти април и 20-ти мај.

Меѓу оние хороскопски знаци што доминираат меѓу директорите се и: Близнаци, Јарец, Вага и Лав.

Кога станува збор за луѓе кои се меѓу најбогатите во светот, доминираат Лавовите. Истражувачите од британскo деловно советувалиште Adview, откриле дека од сите милијардери во објавената листа на Fortune 400, најмногу биле Лавовите. Вкупно на списокот имало 28 милијардери, според хороскопскиот знак Лавови. Бикот е на второто место со 24 милијардери, а потоа следува Вагата со 23 на број. Најмалку милијардери се Овни, од кои само 12 милијардери.