Кој купува јахта од пола милијарда долари?

43

Најбогатиот човек на планетата, Џеф Безос одвојува пола милијарда долари за јахта долга 127 метри.

Според Bloomberg, тоа ќе биде една од најголемите јахти што некогаш биле изградени во Холандија, којашто важи за неофицијална престолнина на бродоградба за супер богаташи.

Холандската компанија Oceanco, којашто ќе ја гради јахтата на планетарно наjбогатиот човек, одбила да коментира за детали поврзани со пловниот објект што наскоро ќе биде во сопственост на Безос. Сепак, се претпоставува дека ќе чини околу 500 милиони долари, а на нејзе ќе има хелиодром, три огромни јарболи, неколку палуби…

Дека пандемијата ништо не ѝ може на јахтинг индустријата доказ, освен Безос, е и режисерот Стивен Спилберг, кој планира да ја продаде јахтата што ја има и тоа за околу 158 милиони долари.

Експертите тврдат дека побарувачката за екстравагантни јахти ја надмина понудата.

Супер богатите ги избираат јахтите како безбедно место за патување, поминување повеќе време на отворено море со ограничени контакти, но и за организирање приватни забави во време кога баровите, рестораните и клубовите беа под клуч со цел да се спречи ширење на заразата.

Фото: Pexels