Кој профитира од корона вирусот

520

Корона вирусот ги држи инвеститорите во тензии ширум светот, но сега во Кина се појавија првите профитери на заразна болест.

Поради затворање на фабрики и ограничувања за патувања, многу Кинези остануваат дома. Затоа интернет игри и видео апликации имаат милиони прегледи и преземања во последните неколку недели.

За производителите на игри и видео платформи сега се добрите времиња на берзата. Само во Кина, пет развивачи на игри, вклучително и Ourpalm којшто креира игри за мобилен телефон, забележаа раст од 10%.

Во Хонг Конг интернет компанијата Tencent порасна за 2%, а акциите на видео платформата Bilibili којашто се наоѓа во САД, пораснаа за скоро 7%.

Фото: Pexels