Колкава е просечната јануарска плата во Македонија и кои сектори доживеаја бум, а каде паднаа платите?

Според податоците на Државниот завод за статистика во јануари 2026 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесуваше 46.617 денари, додека просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари изнесуваше 70. 066 денари.

Во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 8.3 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 12.9 %, Трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 11.1 % и Преработувачка индустрија за 10.5 %.

Намалување  на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање за 7.4 %, Градежништво за 5.3 % и Финансиски дејности и дејности на осигурување за 3.8 %.

  • Нето-платата во јануари 2026 година изнесуваше 46 617 денари
  • Во јануари 2026 година во однос на јануари 2025 година е повисока за 8.3 %

Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, јануари 2026 година

Во јануари 2026 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 70.066 денари

Во јануари 2026 година, во однос на јануари 2025 година, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е повисока за 8.3 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 13.2 %, Трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 10.7 % и Преработувачка индустрија за 10.6 %.

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање за 7.6 %, Градежништво за 5.6 % и Финансиски дејности и дејности на осигурување за 3.7 %.

•    Бруто-платата во јануари 2026 година изнесуваше 70. 066 денари

•    Во јануари 2026 година во однос на јануари 2025 година е повисока за 8.3 %