Колку дена треба да работите за да можете да си купите iPhone 11 Pro?

120

За да може еден просечен Македонец да си дозволи да си купи еден iPhone 11 Pro ќе треба да работи 62,8 денови.

Ова се податоци од истражување на полската компанија Picodi, а пренесува црногорски Café del Montenegro.

“Истражувањето се заснова на објавените цени за новите производи на Apple во секоја земја, како и врз основа на податоците за просечна плата што се достапни на официјалните статистички извештаи во земјите што се опфатени со истражувањето. Износот на месечната нето плата го поделивме со просечниот број на работни денови во месецот – 21“, велат за Café del Montenegro.

Според податоците, еден жител на Таџикистан ќе треба да работи 204,3 денови за да си го дозволи тој мобилен телефон на Apple. Меѓу петте земји, каде треба најдолго да се работи за да се купи iPhone 11 pro се и: Пакистан (134,9 денови), Узбекистан (125,7 денови), Нигерија (122,9 денови) и Молдавија (101,3 денови).

Од земјите во регионот, во Албанија во просек треба да се работи 75,1 ден за да се купи таков телефон. Во подобра позиција од нас се: Србија (60,4 денови), Босна и Херцеговина (58,1 ден), Црна Гора (51,9 денови), Бугарија (49,9 денови), Хрватска (31,2 денови), Грција (27,7 денови) и Словенија (22,7 денови).

Од друга страна, пак, на еден жител на Швајцарија потребни му се неполни пет дена за да може да си купи iPhone 11 Pro. Меѓу земјите каде треба најмалку денови за да се купи ваков телефон се и: САД (5,8 денови), Луксембург (6,7 денови), Австралија (7,1 денови) и Катар (7,6 денови).

Фото: Pixabay