Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во декември 2019 година, изнесува 26.836 денари, додека во бруто износ е 39.932 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во декември, во однос на истиот период претходната година, е зголемен за 4,1%.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (12,4%), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (12%) и Градежништво (11,9%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (9,3%), Информации и комуникации (8,4%) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (6,8%).
Фото: Pixabay