Колку фирмите во земјава користат интернет?

39

Вкупно 96,4% од деловните субјекти, во текот на оваа година, користеле компјутер во својата работа, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Широкопојасен пристап на интернет преку фиксна конекција имале 85,8% од деловните субјекти со десет или повеќе вработени. Од вкупниот број деловни субјекти, 55,6% имале веб страница или почетна страница.

Во однос на е-трговијата, 3,6% од деловните субјекти со е-продажба примиле нарачки преку компјутерските мрежи, а 3,4% од деловните субјекти примиле нарачки за стоки или услуги преку веб-продажба.

Фото: Pexels