Колку килограми тежи еден милион долари?

74

Фото: Pixabay

Дали сте се запрашале колку тежат и како изгледаат милион евра или долари? Еден милион евра во апоени од 500 евра тежи околу два килограми, а може да ги собере во една чанта за лап топ.

Еден милион евра во апоени од по 50 евра, тежат десет пати повеќе, односно 22 килограми. Во исто време, чанта од еден милион евра во апоени од по 100 евра, би тежела околу 11 килограми. Трите најголеми банкноти од 50, 100 и 500 евра имаат приближно иста тежина.

Кога станува збор за долари, во апоени од по 100 долари, еден милион долари во буквална смисла на зборот би тежел 10 килограми. Ако имаме еден милион долари по еден долар, во тој случај тежината на тоа богатство ќе биде 1,1 тони.