Колку купуваме преку интернет?

44

Онлајн купувањето бележи драстичен скок во рамки на земјите членки на Европската унија. Во нашата земја, според податоците на Eurostat, 29% од населението лани купувале онлајн.

Вкупно 60% од луѓето во ЕУ, на возраст од 16 до 74 години, купувале онлајн во текот на 2019 година, споредбено со 56% во 2018 година, додека во 2009 тој удел бил 32%.

Најмногу онлајн купуваат жителите на Данска (84%) и Шведска (82%), а по нив следуваат Холандија (81%), Германија (79%) и Финска (73%). Најголем пораст во последните 10 години е забележан во Естонија, од 17% во 2009-та до 68% во 2019-та година.

Од земјите во регионот, највисоко котира Словенија со 56%. Потоа следуваат: Хрватска (45%), Грција (39%), Србија (34%), Македонија (29%), Босна и Херцеговина (23%), Бугарија (22%) и Црна Гора (16%).

Фото: Pixabay