Колку минути поминуваме во сообраќајниот метеж?

100

Наутро брзате за на работа, влегувате во автомобилот или се качувате во автобус и драмата може да започне. Наместо да стигнете до посакуваната дестинација за пократко време, сообраќајот е толку густ што ќе ви биде потребно скоро двојно повеќе време да стигнете таму каде што сакате точно на време.

Според податоците на Numbeo, жителите на Македонија трошат скоро 29 минути, во просек, патувајќи во еден правец на одредена дестинација. Со ова време, земјава е 68-ма од вкупно 79 земји во светот.

Неславен лидер на листата е Кенија, каде што се троши без малку еден час на патување во еден правец. Меѓу петте земји, каде што поради сообраќајниот метеж, се губи најмногу време се и: Шри Ланка (55 минути), Бангладеш (57 минути), Египет (48 минути) и Иран (48 исто толку).

Од земјите во регионот, Грција е 45-та бидејќи во просек се трошат 33 минути за патување во еден правец. По нејзе следуваат: Хрватска (скоро 30 минути), Србија (30 минути и 20 секунди), Словенија (26 минути) и Бугарија (29 минути).

Во Австрија и Естонија се потребни 25 минути за поминува на одредена дестинација во просек.

Фото: Pexels