Колку пандемијата ги погоди обложувањето и игрите на среќа?

40

Воведените ограничувања поради пандемијата предизвикаа сериозни нарушувања во многу сектори во Европа и низ целиот свет, што како последица имаа намалени приходи, загуби и слично.

Иако угостителскиот сектор беше силно погоден, обложувањето и игрите на среќа, исто така, забележаа сериозен удар од пандемијата. Голем дел од обложувалниците и казината беа затворени кон средината и крајот на март, делумно и поради откажување на бројни спортски натпревари.

Со намалување на ограничувањата и со продолжување на дел од спортските настани, аналитичарите очекуваат овој сектор релативно брзо да закрепне до следната година, пишува Emerging Europe.

Бруто добивката на обложувалниците и казината во Европа се очекува да се намали за над 22%, покажуваат податоците на консултантската компанија за игри на среќа , H2 Gambling Capital.

“Оние кои во периодот пред Ковид-19 имаа најголеми приходи од спортско обложување се тешко погодени, бидејќи настаните беа прекинати и одложени“, вели Едуардо Ремедиос, потпретседател на Symphony iGaming Solutions.

Некои од обложувачите се насочиле кон Белорусија, каде фудбалската лига се одвивала без никаков прекин, голем број оператори се насочиле кон виртуелен спорт за да се обидат да ги намалат загубите од традиционалните спортски настани. Еден од трендовите што ги донесе пандемијата е онлајн обложувањето во споредба со традиционалното и посетата на казина.

Според Ремедиос, компаниите од овој сектор што го дигитализираат своето работење може да очекуваат раст во споредба со истиот период лани.

Фото: Freepik