Колку пари чуваат дома Германците?

85

Луѓето во Германија во секое време во својот дом или во сеф чуваат над 1.000 евра готовина, пренесува n-tv.de.

И покрај можноста за безготовинско плаќање и онлајн трговија, Германците се чувствуваат најсигурни кога кај себе имаат готовина. Истражувањето на германската централна банка покажа дека секој Германец во просек во својот паричник чува 107 евра, а дома или во сеф 1.364 евра.

“Голем дел од населението ја задржува готовината од оправдани причини, а не поради избегнување плаќање на данок“, вели Јоханес Берман од Bundesbank.

Готовината за многумина е еден вид безбедност во услови на криза. Податоците на Bundesbank покажуваат дека побарувачката за банкноти и ковани пари бележи пораст, посебно од март кога се појави кризата предизвикана од пандемијата.

Податоците покажуваат дека готовината е посебно актуелна меѓу постарата популација, па постарите, како и лицата со повисоки примања и самовработените во просек имаат најмногу готовина кај себе.

Кај младите луѓе тоа не е чест случај, но како причина за тоа не се наведуваат помалите приходи, туку алтернативните начини на плаќање и чување готовина со помош на технологија.

Фото: Pexels