Колку се поврзани аеродромите во земјите од поранешна Југославија?

36

Аеродромите во земјите од поранешна Југославија нудат помало поврзување на патниците, и директно и индиректно, во споредба со своите европски конкуренти, покажуваат податоците на Меѓународниот совет на аеродроми (Airports council international – ACI).

Од вкупно 43 анализирани земји, најлошо е рангирана Босна и Херцеговина, а 40-та е нашата земја. Словенија се најде на 39-тото место, Црна Гора три позиции погоре, Србија е 28-ма, додека Хрватска го зазема 22-ро место.

Македонија во изминатите години забележа зголемен број на патници, но поради доминацијата на WizzAir и примарно опслужување на секундарни воздушни пристаништа, се позиционираше ниско на листата.

Од друга страна, одредени главни градски аеродроми од целиот регион забележаа силен раст во последните 10-тина години. Подгорица е најбрзорастечки главен град со скок од 284%, потоа следи Скопје со 119%, Сараево со 109%, Белград со 77% , Загреб со 73,4% и Љубљана со 20,4%, пренесува ExYuaviation.

Од земјите во Европа, Шпанија има највисоко ниво на поврзаност на аеродроми на стариот континент, по што следат Германија, Велика Британија, Франција и Турција.

Фото: Pixabay