Колку трошат Американците за празниците?

33

Американската нација со право може да го понесат приматот како најпотрошувачка нација. Токму од таму произлегуваат некои купувачки навики што не се својствени за остатокот од светот, но со текот на времето се “вдомуваат“ и кај нас.

Според Националната трговска федерација, потрошувачите во САД во претпразничната сезона планираат да потрошат околу 1.048 долари. Овие пари тие би ги потрошиле на декорации, слатки работи и подароци за нив и за нивните семејства и пријателите. Во претпразничниот период, односно во ноември и декември, трговците проектираат дека нивната продажба ќе се движи околу 730 милијарди долари, што е околу 4% повеќе во однос на 2018 година.

Истражувањата, исто така, покажуваат дека 63% од Американците чувствуваат притисок од шопинг лудилото и се плашат да не претераат со купувањето. Минатата година, на Black Friday во САД се потрошени 6,2 милијарди долари, а на Cyber Monday 7,9 милијарди долари.

Дека на Американците најмногу им значат божикните празници, покажуваат податоците според кои за Велигден се подготвени да потрошат 151 долари, за Денот на мајка та 196 долари и за Валентајн 162 долари. Овие износи се далеку над 1.048 долари колку што планираат да потрошат за периодот околу Божик и Нова Година.

Фото: Pexels