Колку вреди трудот на една домаќинка

199

Според нова студија, скоро половина од жените во светот немаат можност да бараат платена работа бидејќи се “врзани“ за домот.

Жените во Германија не само што заработуваат помалку од мажите, туку имаат и помали пензии, бидејќи многу од времето го трошат на неплатена работа дома, пишува Deutsche Welle.

Уште полошо е во земјите од неразвиениот свет како Уганда, Зимбабве… Секојдневно жените ширум светот вложуваат 12 милиони часови работа во нега на деца и стари како и домашни работи. Кога таа работа би се плаќала по минимална саатница во одредена земја, сумата би изнесувала неверојатни 11 милијарди долари годишно.

До оваа бројка дојде организацијата Oxfam во извештајот којшто е претставен на форумот во Давос.

“Не велиме дека треба да се платат овие 11 милијарди долари на оние кои пружаат нега, но овие жени мора да имаат материјална сигурност. Како општество мораме да го препознаеме и финансираме“, вели Елен Емке од Oxfam.

Еден од авторите на извештајот Јерн Калински додава: “Добрата нега е темел за други економски активности. Целиот економски систем не би функционирал без тоа, а ние тој темел воопшто економски не го вреднуваме“.

Полова нееднаквост

Нееднаквоста во светот е драстична. Дури 45% од светското богатство е во рацете на 2.153 милијардери. Светскиот систем на економија е сексистички, пишуваат авторите на извештајот.

Часовите кои девојките и жените ги инвестираат во домаќинството и семејството го ограничува нивното школување и учество на пазарот на труд. Заработуваат помалку и ја губат шансата да бидат финансиски независни.

Според студијата, осумгодишни девојчиња трошат 30% повеќе време во помош на домашни работи, отколку машките врсници. Меѓу 10-годишниците, девојчињата помагаат 50% повеќе.

На светско ниво, дури 42% од жените се надвор од пазарот на труд, бидејќи се врзани за домашни работи, додека кај мажите изнесува само 6%.

Oxfam заклучува: Жените работат премногу и тоа често неплатено, без признание и невидливо.

Фото: Pexels