Колку заработија ѕвездите на Пријатели?

81

По 27 години од објавување на првата епизода од популарната серија Пријатели, нивните ѕвезди повторно се враќаат во полн сјај.

Секој од главните актери ќе добие по пет милиони долари, а тоа е само еден дел од она што го заработиле за 27 години.

Според магазинот Forbes, специјалот што беше емитуван на HBO Max, на Дејвид Швимер, Мет Лебланк, Метју Пери, Џенифер Анистон, Кортни Кокс и Лиса Кадроу ќе им донесе по пет милиони долари. Тоа не е воопшто лошо за еднократен ангажман, но многу малку во споредба со она што ѕвездите го заработија во текот на три децении колку што се прикажуваше серијата.

Популарната телевизиска комедија заработила скоро 1,4 милијарди долари од почетокот на емитувањето во 1994-та година. Од тогаш, според проценките на Forbes, ѕвездите на Пријатели имале заработка од околу 816 милиони долари или по 136 милиони долари за секој поединечно.

Креативниот тим на серија, предводен од Дејвид Крејн и Марта Кауфман, како и коизвршниот продуцент, Кевин Брајт, поделиле заработка од најмалку 550 милиони долари.

Додека беше на каналот NBC, од 1994-та до 2004-та, серијата мораше да емитува во четврток навечер. Секоја епизода просечно ја гледале околу 25 милиони гледачи.

Фото: Facebook