Комерцијална банка: Исплата на пензиите започнува од 1 декември

Исплатата на пензиите ќе започне во понеделник, 1 декември, соопшти Комерцијална банка. Пензионерите кои користат дебитни картички ќе можат да располагаат со средствата истот ден.

Банката ги поттикнува корисниците да ги користат средствата безбедно и удобно – преку безготовински плаќања во продавниците или онлајн, како и подигање на готовина од банкомати.

За оние кои претпочитаат подигнување на пензијата директно во филијала или експозитура, тоа ќе биде можно од 1 декември и во сите работни денови после тоа.