Комерцијална банка ќе исплати дивиденда од ланската добивка

240

Комерцијална банка донесе предлог одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка до 31.12.2018.

Според предлог одлуката, од добивката се одвојуваат: 957.208.140 денари за дивиденда за обични акции, 500.000.000 денари за резерви и 323.084.028 денари остануваат како задржана добивка.

Банката, исто така, донесе предлог одлука за определување на износот на дивидендата и датуми на исплата на дивиденда за 2018 година, што ќе се најде на акционерското собрание на банката што ќе се одржи на четврти април оваа година.

“Износот на дивиденда, согласно предлог -одлуката за употреба и распоредување на нераспределената добивка до 31.12.2018 година, донесена од Надзорниот одбор на банката на 27.02.2019 година, изнесува: за една обична акција 420 денари, односно 42% во однос на номиналната вредност од 1.000 денари“, стои во предлог одлуката

Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2018 година е 17.04.2019 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда за 2018 годна е 18.04.2019 година. Исплатата на дивиденда за минатата година ќе започне на седми мај оваа година.