Комерцијална банка овозможи online аплицирање за потрошувачки кредити

122
Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите корисници дека за потрошувачките ненаменски кредити отсега ќе може да се аплицира и електронски (online). За сите физички лица, корисници на услугата електронска банка, кои имаат опција за плаќање, банката овозможи побрза и поедноставна постапка преку online аплицирањето.
Со оваа опција, заинтересираните клиенти може да аплицираат за следните кредити:
  • Потрошувачки кредит до 30.000 евра со ЕУР клaузула.
  • Потрошувачки кредит до 600.000 денари без жиранти.
  • Тип Топ Потрошувачки кредит.
  • Кредит врз основа на меница без жирант.
  • Кредит за пензиoнери.
Корисниците ќе може да ја одберат оваа опција во менито под називот Online апликации, откако ќе се најават на Интернет банката.
Фото:Pixabay